Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што би се случило со Европа ако нивото на морето падне дури за илјада метри?

Што би се случило со Европа ако нивото на морето падне дури за илјада метри?

Што би се случило ако нивото на морето падне дури и за илјада метри?

Токму ова прашање предизвика жестока дебата на Reddit, каде што неодамна се појави фасцинантна и целосно хипотетичка мапа на Европа во сценарио на драстично опаѓање на нивото на морето.

Иако станува збор за чисто теоретска визија, приказот предизвика многу коментари бидејќи покажува колку поинаку би изгледал континентот отколку што е денес.

Според оваа мапа, Европа каква што ја знаеме речиси би исчезнала.

Пад на нивото на морето од 1.000 метри би открил огромнo морски дно, претворајќи делови од Северното, Балтичкото и Средоземното Море во нова земја. Просторот што го окупираат морињата денес би станал плодни рамнини, висорамнини или затворени басени, а државните граници драматично би се промениле.

Некои земји би доживеале вистински територијален „бум“. Обединетото Кралство и Ирска повеќе нема да бидат острови - тие би биле поврзани со европското копно преку сега потопените делови од Северното Море.

Исланд би бил поврзан со Гренланд и Европа, додека Фарските Острови би го изгубиле својот статус на изолиран архипелаг и би станале дел од континентот.

Гибралтарскиот теснец повеќе не би постоел, а Шпанија и Мароко би биле поврзани со копнен мост, што целосно би го променило геополитичкиот пејзаж на регионот.

Италија, Грција и Турција би добиле огромни нови територии благодарение на изложеното медитеранско дно, додека денешните брегови би станале речиси непрепознатливи.

Хрватска би добила „експанзија“ кон Италија, додека границите на Србија и Македонија, бидејќи немаат пристап до море, би останале непроменети.

Морскито дно што денес е длабоко илјадници метри, како што се Северното Море и Балтичкото Море, би станале копно во ова сценарио.

Во исто време, некои големи мориња би се претвориле во многу помали внатрешни мориња или езера. Црното и Каспиското Море драстично би се намалиле, губејќи голем дел од нивната сегашна површина.

Слично

Поврзани вести