Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што бара Резников oд ЕУ за да почнат контранапад?

Што бара Резников oд ЕУ  за да почнат контранапад?

Украина бара воена помош за да се брани од Русија. 

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников денеска апелираше до своите колеги од Европската Унија(ЕУ) да го поддржат планот за купување милион артилериски гранати, што ќе и помогне на Украина да се одбрани од агресорот. Гранатите се потребни за да може Украина да почне контранапад, пренесе Ројтерс. Резников кажа дека го поддржува предлогот на Естонија до земјите од ЕУ заеднички да се соберат пари за набавка на гранати од 155 милиметри за Украина оваа година, што ќе чини вкупно 4 милијарди евра, пренесе Танјуг. Битката за Бахмут продолжува. Украинците го бранат градот, затоа што ако се повлечат, ќе отворат простор Русите да напредуваат во други градови. За посетување, војната почна лани на 24 февруари. 

foto Facebook

Слично

Поврзани вести