Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што бара ИД од родителите во Мосул?

Што бара ИД од родителите во Мосул?

Групата „Исламска држава“ ги тера родителите во ирачкиот град  Мосул да им даваат „прифатливи" имиња на децата. 

Терористите им наложуваат на младите родители во градот да им ставаат на своите деца само имиња кои се сметаат за прифатливи на територијата на „калифатот". 

Екстремистите наредиле на стотина семејства за 24 часа да ги менуваат имињата на новороденчињата, затоа што избрале „неприфатливи" имиња.

Во последните неколку дена борците на ИД се фокусирале на унифицирање на документите на новороденчињата. Имињата на повеќе од 120 бебиња биле оценети како неприфатливи.

Претходно групата забрани да се чуваат мачки. 


Слично

Поврзани вести