ШТО АКО ТРАМП ДОЈДЕ НА ВЛАСТ: Зеленски има план, нема да им попушти на Русите
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се бори против Русија и без САД доколку Доналд Трамп дојде на власт.
Ако Вашингтон го промени ставот за војната во Украина, Киев ќе продолжи да се бори против Русија без американска поддршка.
„Ќе биде тешко ако САД ја сменат својата позиција. Ако Конгресот и Белата куќа ја сменат својата политика, ќе кажам, добро, ќе се бориме без вас“, рече Зеленски.
Зеленски истакна дека нема да ги поддржува луѓето кои сакаат да го запрат воениот конфликт „по секоја цена“. Tрамп тврди дека ако стане претседател, за 24 часа ќе ја реши војната во Украина. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари.
Слично
