Што ако се покачат платите во Германија
Растот на платата ширум Германија не би донел никаква корист на другите членови на еврозоната, а ќе и наштети и на монетарната унија како целина.
-Со оглед на релативно слабите трговски врски со периферните европски земји, тие не би имале корист од конкуретноста поради падот на цената и растот на потрошувачката во Германија, изјавил гувернерот на Германксата Бундесбанка.
-На крајот еврозоната во целина би била во загуби, додава шефот на германската централна банка Вајдман, кој исто така е член на упарвниот одбор на Европската централна банка.
Во време на новиот бран на должничка криза во еврозоната, многу земји ја повикаа Германија да направи нешто повеќе за растот на економијата, првенствено со покачување на платите, се со цел да се зголеми потрошувачката, пренесува Франс прес.
Слично
