Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТИТИ ОД КОРОНА: Научници создадоа спреј за нос кој помага да не се инфицирате

ШТИТИ ОД КОРОНА: Научници создадоа спреј за нос кој помага да не се инфицирате

Научници создадоа спреј за нос кој ќе ни обезбеди заштита од коронавирусот. 

Експертите велат дека вирусот влегува во носната празнина преку ангиотензин-конвертирачкиот ензим ACE-2. 

Вирусот потоа предизвикува привремено оштетување на специјалните нерви, што резултира со губење на мирис, а потоа и губење на вкусот.

Истражувачите веруваат дека ензимот е „влезна точка“ што му овозможува на вирусот корона да навлезе во клетките на телото и да предизвика зараза. 

Бидејќи носот е пат за влегување на вирусот во телото, се поставува прашањето дали овој орган треба да биде насочен во спречување на ширење на инфекцијата и развој на ефективни третмани за лекување. 

Спреј за нос што треба да се испрска еднаш неделно може да обезбеди солидна заштита од коронавирус. 

Тој досега е тестиран на творови кои примиле две дози на лекот ден пред да бидат изложени на вирусот, вештачки создадени молекули кои го стимулираат имунитетот.

Резултатите покажаа дека средството  ја намалила репликацијата на вирусот во носот на творовите за дури 96 проценти. 

Препаратот ќе биде тестиран на луѓе во следните четири месеци. 

Во светот бројот на заразени се искачи на 35.7 милиони. 

Слично

Поврзани вести