Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штетни кинески производи се повлекуваат од европскиот пазар

Штетни кинески производи се повлекуваат од европскиот пазар

 Иако Пекинг вети дека ќе ја зајакне контролата врз својата стока наменета за извоз, најголем дел од играчките и облеката кои се опасни по здравјето потекнуваат од Кина, посочуваат од Европската комисија.

Само лани за 4% пораснал бројот на опасни производи со потекло од Кина за европскиот пазар. Од продажба во 2012-та се повлечени 2.278 непрехранбени производи, меѓу кои се хемиски супстанци кои можат да бидат канцерогени, потоа електронски производи со опасни дефекти, како и облека од штетни вештачки материјали.

58 проценти од оваа стока потекнуваат од Кина, предупредува агенцијата RAPEX во својот годишен извештај.
Слично

Поврзани вести