Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штетите од војната за Сирија изнесуваат 226 милијарди евра

Штетите од војната за Сирија изнесуваат 226 милијарди евра

Од 2011 година во Сирија владее насилството. Првично мирните демонстрации се претворија во комплексна војна. Сега една невладина организација објави застрашувачки бројки - 11,5 отсто од сириското население веќе се убиени или повредени. Резултатите се од истражувањето на „Syrian Centre for Policy Research“ (SCPR), цитирани од британскиот весник Guardian.

И „богатството“ на земјата и инфраструктурата се „речиси уништени“, покажува анализата насловена како „Соочени со распад“. Тој извештај ќе биде официјално претставен денеска попладне во Бејрут.

Досега податоците на Обединетите нации беа за околу 250 илјади жртви, а сегашните податоци на „SCPR“ се за речиси двојно повеќе убиени - 470 илјади. Поголемиот дел од нив починале од директни последици од војната, а околу 70 илјади загинале по повреди  и поради недостиг медицинска нега или од глад.

ОН претстави помал број на смртни случаи, бидејќи за време на конфликтот таа (организацијата) не можеше да добие пристап до соодветни информации, вели авторот на студијата Раби Насер пред „Guardian“.

Според податоците 1,9 милиони луѓе во Сирија биле повредени. Просечниот животен век во 2010 година бил 70 години, а во 2015 година паднал до 55,4 години.

Според истражувањето економските штети од војната изнесуваат 226 милијарди евра. „Guardian“ пишува уште дека за да ја направи анализата, „SCPR“ ја анализирала ситуацијата на терен во Сирија. ОН веќе цитира некои извештаи на организацијата.

Во моментов во Алепо според ОН има уште околу 300 илјади жители кои се борат со недостаток на вода и храна. Последните битки таму се причина за актуелни податоци на Црвениот крст за околу 50 илјади жители.

„Борбите го оптоваруваат сериозно населението. Тие се обидуваат да преживуваат без заштита, без вода и храна при многу тешки услови“, појаснува шефот на сириската делегација на Црвениот крст Мариане Гасер.

Во меѓувреме војниците на претседателот Башар ал-Асад напредуваат со помош на руски воздухопловни сили кон тврдината на бунтовниците во градот Алепо - чекор кој се критикува постојано од Западот. Масовните бомбардирања на Русија принудуваат десетици илјади жители да бегаат од населените места во насока кон Турција. И покрај меѓународните апели сепак засега тие се запрени на границата.

Слично

Поврзани вести