Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штета од 63 милијарди долари прават поспаните работници во САД?!?

Штета од 63 милијарди долари прават поспаните работници во САД?!?
Научниците од Медицинскиот факултет на Харвард, дошле до резултат дека хроничната ненаспаност на американските работници ги чини работодавците милијарди долари, објави  „Волстрит џурнал“. Според нив, недостигот на сон води до намалување на продуктивноста и до тоа што секој година американските компании губат околу 63,2 милијарди долари. Проблемот е дека луѓето одат ненаспани на работа и не се во состојба добро да ги извршуваат своите задолженија. Според Центарот за контрола и спречување болести на САД 30 проценти од вработените Американци односно 40,6 милиони лица,  редовно се поспани не се наспиваат. Многу големи компании почнале да сфаќаат дека ненаспаноста ги чини многу скапо и организирале „курсеви за сон“, предавања на кои експерти им објаснуваат на работниците колку е важно да се наспани. Минатата година над 2,6 милиони службеници на најголемиот медицински центар во државата Висконсин, поминале шестмесечен онлајн курс за борба против несоницата, организиран од компанијата „Џонсон енд Џонсон“.
Слично

Поврзани вести