Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штедачите во „Банката на Кипар“ ќе изгубат 47,5 проценти од заштедата

Штедачите во „Банката на Кипар“ ќе изгубат 47,5 проценти од заштедата

Во „Банката на Кипар“ големите штедачи кои имаат повеќе од 100 илјади евра ќе изгубат 47,5 проценти од заштедата, а во замена за тоа овие клиенти ќе добијат акции од банката.

По интензивните преговори за тоа колку ќе изгубат штедачите, „Банката на Кипар“ и меѓународната тројка кредитори – Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд се договорија овој износ да биде 47,5 проценти, што ќе се претвори во капитал на банката.

Договорот е во согласност со препораките за темелно реструктуирање на банкарскиот сектор на Кипар.

Слично

Поврзани вести