Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штајнмаер: За да се справи со бегалскиот бран, Европа треба да се обедини

Штајнмаер: За да се справи со бегалскиот бран, Европа треба да се обедини

Европската унија треба да се обедини за да се соочи со бегалскиот бран, или во спротивно нејзината мисија ќе пропадне. Тоа, го изјавил германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер, цитиран од агенциите.

„Или Европа ќе застане заедно и ќе дејствува солидарно во овие времиња на тешкотии за стотици илјади мигранти, или оградите и бариерите повторно ќе бидат истакнати“, изјавил тој во говорот на годишниот конгрес на Социјалдемократската партија.

„И тогаш визијата за обединета Европа ќе пропадне“, додал министерот за надворешни работи и поранешен лидер на партијата како и коалициски партнер на конзервативците на канцеларката Ангела Меркел.

Друг популарен германски социјалдемократ - претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц исто така изјавил оваа недела дека ЕУ се соочува со ризик од распаѓање и неговите поддржувачи треба да се борат за да ја зачуваат.

Слично

Поврзани вести