Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штајнмаер префрли на Русија посебна одговорност за примирјето во Алепо

Штајнмаер префрли на Русија посебна одговорност за примирјето во Алепо

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер смета дека Русија носи посебна одговорност за ситуацијата во сирискиот град Алепо.

„Русија има посебна одговорност сега во Алепо, кога станува збор за примирје и создавање на хуманитарен пристап, ситуацијата во Алепо останува сложена“ - изјавил Штајнмаер во Уралскиот федерален универзитет во Екатеринбург.

„Кога ќе дојде време за реконструкција на Сирија, Германија и Русија треба да работат заедно и во Алепо или Холмс, ова се само неколку градови“ - рекол тој и додал дека токму заедничката одговорност на двете страни ќе има најголем ефект.

Слично

Поврзани вести