Штајнмаер предупреди дека конфликтот во Украина може да ескалира
„Ситуацијата во источна Украина може да ескалира“, предупредил германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер во интервју за „Велт ам Зонтаг“, цитиран од агенциите.
Тој предложил да се одржи што е можно побрзо средба, која ќе ја намали ескалацијата на тензиите во источна Украина.
„За време на разговорите со руските и украински министри за надворешни работи им предложив по две недели, а колку што е можно поскоро да се одржи состанок на учесниците во конфликтот и ОБСЕ, за да разговараат за тоа како да се смири ситуацијата и да се повлече оружјето“, изјави Штајнмаер.
„Ако двете страни во конфликтот сега не покажат приврзаност кон мировниот процес, во секој момент може да се случи нова ескалација“, предупреди тој.
Претходно денеска претставникот на самопрогласената Доњецка народна република Денис Пушилин ги повика земјите гаранти на Минскиот договор веднаш да интервенираат за да престанат крвопролевањата против населението во Донбас.
Официјално огнот во Донбас кој е населен со Руси, беше прекинат на 15 февруари оваа година. Но, во последниве недели ситуацијата таму значително се влоши, и го зголеми интензитетот на бомбардирањето, повторно се појавија извештаи за жртви меѓу мирното население.
