Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штајнмаер најави нови санкции за Москва

Штајнмаер најави нови санкции за Москва
Франк Валтер Штајнмаер, шефот на германската дипломатија и се закани на Москва со нови санкции и предупреди на опасоста од ширење на кримската криза и отворање на Пандорината кутија. - Загрижен сум дека обидот, спротивен на меѓународното право, дека 25 години по крајот на Студената војна се коригираат меѓународно признаените граници во нашето европско соседство, ја отвора Пандорината кутија, рече тој. Штајнмаер нагласи дека ситуацијата во Источна Украина „е се друго, само не стабилна“, и и се закани на Русија со нови санкции, ако Москва, по припојувањето на Крим, продолжи со такво делување. - Ние тогаш во Европа ќе донесеме нови мерки, дури и ако во тој случај мораме да ја земеме предвид економската штета, рече Штајнмаер и оцени дека набљудувачката мисија на ОБСЕ е прв чекор кон деескалација.
Слично

Поврзани вести