Штајнмаер: Корона-кризата е „тест на нашата човечност“
Не сакаме да бидеме плашливо и недоверливо општество, вели претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер.
„Или ќе биде секој човек сам за себе, да се турка, да паничи со купување и погледне себеси и своите, или ние ќе ја искористиме оваа ситуација да се посветиме на другите и на општеството“, нагласи германскиот шеф на државата, кој обично и се обраќа на нацијата само на Божиќ.
Корона-кризата е „тест на нашата човечност“, додава германскиот претседател.
Штајнмаер исто така се осврна на рестриктивните мерки што Владата ги спроведува во последните неколку недели, велејќи дека нивниот успех зависи „не од политичарите и експертите, туку од сите нас – нашата трпеливост и нашата дисциплина, особено сега што се чини дека е најтешко“.
Во Германија повеќе од 120.000 луѓе се позитивни на коронавирусот, а вкупно 2.736 луѓе починаа од Ковид-19.
