Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штајнмаер бара Турција да ја укине вонредната состојба

Штајнмаер бара Турција да ја укине вонредната состојба

Франк-Валтер Штајнмаер, шефот на германската дипломатија, ја повика Турција вонредната состојба да ја задржи во сила само толку долго колку што тоа навистина е потребно и оваа мерка да ја укине што е можно побрзо.

Тој ова го соопшти доцна синоќа, како одговор на прогласената вонредна состојба, повикувајќи ја турската Влада да го одржи и владеењето на правото и принципот на сразмерност во својот одговор кон обидот за пуч. Додаде дека Германија ќе продолжи да ја повикува Турција на воздржаност во својот одговор на пропаднатиот државен удар. Според него, обидот за пуч има последици за турското општество и политика.

„Само умешноста на докажување во незаконските дела, а не сомнителните политички тенденции, треба да биде чкрапалото за владината акција“ - рече Штајнмаер.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа по состанокот на Советот за национална безбедност, соопшти дека во земјата се воведува вонредна состојба која ќе трае три месеца.

Тој наведе дека одлуката е во границите на Уставот и дека нејзина цел е брзо и ефикасно преземање мерки против приврзаниците на имамот Фетулах Ѓулен.

Ердоган смета дека земјите од ЕУ немаат право да ја критикуваат одлуката на Турција за воведување на вонредната состојба.

Слично

Поврзани вести