Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штабот на Клинтон го обвини Трамп за промоција на странска шпионажа

Штабот на Клинтон го обвини Трамп за промоција на странска шпионажа

Штабот на демократскиот кандидатот за претседател на САД Хилари Клинтон го критикуваше нејзиниот противник од Републиканската партија Доналд Трамп поради неговите повици Русија да го испита тоа каде се дел од пораките на Клинтон од времето како државен секретар.

Според штабот на демократите коментарите на милијардерот се "прашање на национална безбедност". "Ова можеби е прв пат, во кој главен кандидат за претседателската функција активно промовира странска сила да врши шпионажа против негов политички противник", рече советникот на Клинтон Џејк Сливен. Во средата Трамп предложи Русија да помогне за отворање на наводните избришани пораки од приватниот сервер на Клинтон, кој таа го користела за време на државен секретар.

Претходно овој месец ФБИ потврдил дека таа била "исклучително невнимателна" во начинот на кој ракувала со класифицирани информации преку својот приватен сервер, но не препорачале да биде исправена за тоа пред судот.

"Русија, ако слушаш, се надевам дека ќе можеш да ги најдеш овие 30 000 пораки кои недостасуваат", повика Трамп за време на прес-конференција.

Реакцијата на штабот на Клинтон против Трамп доаѓа поради обвинувања од американските разузнавачки агенции дека Русија стои зад масовните хакирања на пораки на Демократската партија. Според таборот на Клинтон токму Москва  им ги дала писмата на "Викиликс", кои ги објавија минатата недела.

За време на предизборната кампања Трамп изрази проруска позиција за голем број прашања. Во исто време блиските врски на претседателот на неговата кампања со проруски политичари во Украина исто ги засилија обвинувањата за претерана блискост со Москва и рускиот претседател Владимир Путин. "Немам ништо заедничко со Путин", рече Трамп во одговор на обвинувањата. "Никогаш не сум разговарал со него. Не знам ништо за него, освен тоа дека ќе ме почитува ", додаде тој.

Слично

Поврзани вести