Кери: Скандалот со шпиунажа не треба да е пречка за трговските преговори меѓу САД и ЕУ
Американскиот државен секретар Џон Кери смета дека европејците не треба да дозволат стравувањата од наводното прислушување од страна на американските разузнавачки служби да ги фрлат во сенка претстојните трговски преговори меѓу САД и ЕУ.
- Трговското партнерство е важно. Тоа има за цел да им помогне на сите страни, изјави Кери во Варшава, каде пристигна во посета.
Тој истакна дека партнерството „навистина е одвоено од сите други проблеми, од кои стравуваат луѓето“, алудирајќи на обвиненијата дека разузнавачките агенции на САД ги шпионирале официјалните комуникации на некои од земјите од ЕУ.
Во врска со активностите на американското разузнавање Европа, Полска и САД постигнаа спогодба за билатерани консултации во врска со работењето на специјалните служби.
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски изјави на заедничката прес-конференција со Кери дека е донесена одлука за „поблиски консултации меѓу тајните служби и за разгледување на начините за борба против заедничките закани“.
- Сакаме да ги заштитиме нашите граѓани, со тоа што ќе го зачуваме потребниот баланс меѓу заштитата од заедничките закани и заштитата на правото на личен живот. Ќе се погрижи да се почитува ова, додаде Кери.
