Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШПИОНИРАЛЕ ЗА ИЗРАЕЛ: Иран уапси 24 луѓе

ШПИОНИРАЛЕ ЗА ИЗРАЕЛ: Иран уапси 24 луѓе

Иран уапси 24 лица обвинети за шпионажа во корист на Израел. 

Иранската полиција денеска објави дека уапсила 24 луѓе обвинети за шпионажа во корист на Израел и обид за оцрнување на угледот на земјата. Киумарс Азизи, полициски командант за западен Техеран, исто така се огласи за апсењата, пренесува АФП.

„24-те лица кои шпионирале за ционистичкиот непријател офлајн и онлајн, и кои се обиделе да го нарушат јавното мислење и да го оцрнат и уништат угледот на светиот систем на Исламската Република Иран, беа уапсени“, изјави тој.

Иран вчера воведе привремени ограничувања за пристап до интернет низ целата земја, а Министерството за информатичка и комуникациска технологија како причина ги наведе безбедносните проблеми. Неколку дена Израел и Иран разменуваат напади. 

Слично

Поврзани вести