„Шпигел“: Оланд тврди дека нема несогласување со Меркел
Францускиот претседател Франсоа Оланд негираше дека замрзнал соработка со германскиот канцелар Ангела Меркел до изборите во Германија во септември, објави неделникот Шпигел.
– Не е точно, тоа не е мојот став, изјави Оланд при разговор со луксембуршкиот министер за надворешни работи Жан Аселборн во Париз во петокот.
– Нема лични несогласувања меѓу мене и Меркел, изјави Оланд за магазинот.
Според весникот, францускиот претседател го изјавил тоа во одговор на статија во претходниот број. Во неа се цитира советник на Меркел кој вели дека постои впечаток дека Париз нема никаков интерес да се разбере со Берлин за основните прашања пред изборите во Германија на 22 септември.
Оланд кој утре одбележува годишнина од преземањето на функцијата, за Меркел вели дека „е многу симпатичен соговорник“, додава Шпигел. Меркел и Оланд не наоѓаат заеднички ставови за политиката на Берлин за строги економски мерки.
