Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Шпигел”: Новиот крај на енергетскиот гигант „Газпром“

„Шпигел”: Новиот крај на енергетскиот гигант „Газпром“

Руската компанија „Газпром“ има амбиција да стане најголема во светот со капитал од над 1 трилион долари, пишува „Шпигел“. Тоа сепак беше во веќе далечната 2007 година, кога пазарната вредност на компанијата достигна 290 милијарди долари. Оваа бројка сама по себе е повеќе од БДП на 165 од 193 земји во ОН. Во оние времиња кога во концернот работеа 400 000 луѓе, а топ-менаџерите дискутираа како најрано да достигнат капитализација од 1 трилион долари. Денес сепак работите се радикално различни. „Газпром“ е многу далеку од својата цел во 2007 година, неговата пазарна вредност е малку над 50 милијарди долари и тоа го исфрли од Топ 10 на водечките компании во светот дури на 170 место.

Падот на рускиот гасен монопол започна со поевтинувањето на нафтата, бидејќи цената на најпродаваниот природен гас е интегриран со нафтата. Така ако во 2014 година 1000 м3 се продаваа во просек за 351 долари, денес таа цена е 237 долари, а прогнозата за 2016 е уште ниска- 167 долари просечна цена.

Другиот сериозен удар врз „Газпром“ беше излегувањето на Украина о. Пред кризата оваа земја купуваше над 40 милијарди м3 гас, додека политичките проблеми го соборија тоа количество под 10 милијарди м3 гас годишно, а догодина најверојатно ќе се намали и уште.

Во Европа руската компанија се заплетка во конфликт со Европската комисија поради монополската положба. Брисел и се заканува дека ќе ги казни со милијарди евра „Гаспром“ и практично ја запре изградбата на „Јужен поток“.

Барањето на природен гас го намалува дури и самата Русија. Според податоците на „Vygon Consulting“ компанијата продава со 30% помалку на регионите во земјата. Се засилува и конкуренцијата од страна на приватната компанија за гас „Новатек“ и од државната „Роснефт“, на чело на која стои еден од најблиските бизнисмени до Владимир Путин, Игор Сечин.

Конкуренцијата е толку силна што веќе на дневен ред е поделбата на „Газпром“ на две или повеќе компании. И тоа неизбежно ќе се случи ако не веднаш, тогаш за година или две. Значи од гасниот гигант нема да остане речиси ништо, како и од неговите амбиции да стане најскапата светска компанија.

Слично

Поврзани вести