Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шпанските спортисти се враќаат на терените, но ќе имаат само тренинг

Шпанските спортисти се враќаат на терените, но ќе имаат само тренинг

Владата на Шпанија синоќа соопшти дека професионалните спортисти ќе може да ги продолжат тренинзите веќе од почетокот на следната недела, со тоа што шпанскиот владин кабинет ја одреди т.н. „мапа на патот„ за постепено укинување на карантинските мерки кои претходно беа воведени за спречување на ширењето на вирусот во земјата.

-Тоа ќе се спроведува во неколку фази, а во првата фаза ќе има олабавување на мерките кои се однесуваат на спортистите, ним ќе им бидат дозволени основни тренинзи од понеделник, изјави шпанскиот премиер Педро Санчес.

Сепак, Санчес наведе дека спортските објекти ќе бидат отворени во текот на втората фаза, но и тоа ќе зависи од ситуацијата во одредени региони во Шпанија, но не најави кога може да се очекува продолжување на спортските натпревари.

Шпанската фудбалска лига претходно соопшти дека не планира натпреварите да почнат пред крајот на мај. Лигата на клубовите им испратила и детален протокол со безбедни насоки за тоа како да се вратат на тренинзите.


Слично

Поврзани вести