Шпанските пензионери ќе останат без пари!?
Илјадници пензионери низ цела Шпанија тврдат дека непланирано поседуваат приоритетни акции, за кои нивните банки ги уверувале дека се безбедни како штедните депозити, што подоцна се покажало како скапа инвестиција.
Шпанските банки падна во минус по колапсот на пазарот на недвижности во 2008 година, по што официјален Мадрид во нив мораше да инјектира 42 милијади евра во вид на кредитна помош од еврозоната. Како еден од условите за добивање на кредитот Брисел бараше сопствениците на приоритетни акции да претрпат дел од банкарските загуби.
Секој четврток пензионерите се собираат пред шпанската банка „Банкија“ во Мадрид од каде бараат да им бидат вратени парите.
Околу милиони депоненти во Шпанија, најголемиот дел пензионири, ги инвестираа своите пари, понекогаш и целата животна заштеда, во приоритетни акции на своите банки, покажуваат податоците на асоцијацијата на банкарски клиенти АДИЦАЕ.
Покренати се голем број тужби против банките чии клиенти тврдат дека ризичните акции им се продадени со претходно уверување дека се безбедни.
