Шпанските клубови должат 670 милиони евра за данок
Советот за спорт на шпанската Влада денеска соопшти дека фудбалските клубови на име данок вкупно должат 670 милиони евра.
Претседателот на Советот Мигел Карденал изјави дека таа е помала сума во однос на минатата година, кога долгот изнесуваше околу 750 милиони евра.
- Ова намалување е позитивен податок кој може сите да не радува, истакна Карденал.
Неколку шпански фудбалски клубови поради големите долгови отидоа во стечај, а последниот од нив беше Депортиво од Ла Коруња во јануари.
Слично
