Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шпанските бизнисмени се плашат од независноста на Каталонија

Шпанските бизнисмени се плашат од независноста на Каталонија

Рефенрудмот за независност на Каталонија кој треба да се одржи на 1 октовмри е доволна причина за три четвртини од бизнисмените во Шпанија да се плашат за штетни последици врз економијата. 

Ова се главните резултати од анкетата на Делоит објавена од шпанскиот весник „ Ел Паис“ каде 74% од прашаните 265 бизнисмени веруваат дека Каталонската независност ќе и наштети на шпанската економија, додека 43% од оние кои се базирани во оваа област го делат мислењето.

Иако загриженоста во врска со политичкото прашање за Каталонија, вербата во економскиот раст на Шпанија останува на ниво според анкетата. 80% од бизнисмените сметаат дека економијата е подобрена во текот на првата половина на овие година, додека 70% од нив сметаат дека ќе се справат подобро во втората нејзина половина отколку во нејзините први шест месеци.

Според последните истражување во Каталонија 49,4% од гласачите се против отцепување од Шпанија, па така референдумот можеби и нема да биде успешен. Сепак, ако владата во Барселона добие позитивен исход според правилата кои ги наметна ќе може да прогласи независност за 48 часа. 

Создавањето на нова европска држава не е поддржано од Брисел, ниту пак од централната влада во Мадрид која ако продолжат сецесионистичките намери планира да ги скрати средствата од буџетот за Каталонија. 

Слично

Поврзани вести