Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шпанските банки достигнаа нови рекорди во лошо пласирани кредити

Шпанските банки достигнаа нови рекорди во лошо пласирани кредити

Во шпанските банки нивото на лошите кредити во јуни достигнал нови рекорди, што значи дека слабостите не се отстранети во овој финансиски сектор.

Ризичните кредити пораснале за шест милијарди на месечно ниво и достигнале 176,42 милијарди евра. Тоа е 11,61 отсто од вкупните заеми, изјавија од централната банка на Шпанија.

Оваа сума во јуни го надминал претходниот рекорд од ноември 2012 година, кога ризичните пласмани изнесувале 11,37 отсто од вкупно пласираните кредити.

Еврозонатата лани им даде финансиска помош на шпанските банки, кои се гушат во лоши кредити од 2008 година, а кризата ескалира со крахот на пазарот на недвижнини. Тоа Шпанија, која е четврта економија во еврозоната,  ја внесе во длабока рецесија. За санирање на банкарскиот сектор биле повлечени 41,3 милијарди евра од европските фондови.

Слично

Поврзани вести