Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шпанскиот трговски дефицит се намали за дополнителни 53,5%

Шпанскиот трговски дефицит се намали за дополнителни 53,5%
Шпанскиот трговски дефицит во јули се намали за дополнителни 53,5 проценти, благодарение на зголемениот извоз, соопшти денес Министерството за економија во Мадрид. Разликата меѓу извозот и увозот е намалена на 786,7 милиони евра, наведе министерството, пренесува агенцијата Франс прес. Шпанија имала извоз во вредност од 19,86 милијарди евра, што е рекорд за јули и претставува раст од 1,3 проценти на годино ниво. Увозот истовремено е намален на 20,65 милијарди евра. Владата на премиерот Маријано Рајох го смета извозот за двигател на економското закрепнување на Шпанија, која две години е во рецесија. Шпанија во март го евидентираше првиот трговски суфицит од 1971 година. Во првите седум месеци од оваа година, шпанскиот трговски дефицит е намален за 67,5 проценти на годишно ниво на 6,61 милијарди евра.
Слично

Поврзани вести