Шпанскиот премиер Санчез формира коалиција против Трамп
Шпанскиот премиер Педро Санчез планира да покрене меѓународен прогресивен фронт за време на самитот во Барселона на 17 и 18 април, со цел да се спротивстави, како што изјави, „на растот на крајната десница и политиките на американскиот претседател Доналд Трамп“.
Шпанската влада верува дека настанот треба да претставува „историска мобилизација за историски момент“ и можност за зајакнување на мултилатерализмот.
Меѓу најавените учесници се бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, колумбискиот претседател Густаво Петро, јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса и претседателот на Европскиот совет Антонио Коста.
Се очекува градоначалникот на Њујорк, Зохраб Мамдани, исто така, да се обрати на собирот преку видео врска. Паралелно со собирот, Барселона ќе биде домаќин и на состанок на латиноамериканските лидери како дел од 6-тиот состанок „Во одбрана на демократијата“.
Своето присуство го потврдија и мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум и уругвајскиот претседател Јаманду Орси.
Се очекува на состанокот да бидат потпишани договори во областите на економијата, социјалната политика, иновациите, технологијата и дигиталната соработка, со учество на околу десет министри од секоја земја.
Шпанија прва изнесе став дека е против војната на САД во Иран.foto printskrin youtube
