Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шпанскиот јазик вратен на сајтот на Белата куќа: Трамп го тргна кога дојде на чело на САД

Шпанскиот јазик вратен на сајтот на Белата куќа: Трамп го тргна кога дојде на чело на САД

Веб-страницата „Whitehouse.gov“ беше ажурирана во средата по инагуарацијата на Џо Бајден како нов претседател на Соединетите американски држави. Освен што е ставен Бајден, сега страницата вклучува и дел на шпански јазик, кој беше отстранет за време на мандатот на Доналд Трамп.

Страница на Белата куќа за нејзините комуникации на шпански јазик стана темна во 2017 година. Во тоа време, тогашниот прес-секретар на Белата куќа Шон Спајсер посочи дека страницата ќе биде обновена, но тоа никогаш не се случи.

Одговорниот за комуникации на Белата куќа на Твитер, на шпански јазик, продолжил да работи за време на времето на Трамп, но се сметаше дека изоставувањето на шпанските комуникации на веб-страницата на Белата куќа беше јасно отстапување од нормата на претседателскиот кабинет, како што беше случај со администрацијата на Обама и Џорџ Буш. 

Тргањето на шпанскиот јазик на „Whitehouse.gov“ под Трамп беше одраз и на чувствата што ги изрази на предизборната кампања - тврдејќи дека имигрантите во САД „мораат да зборуваат англиски“ и дека САД „се земја во која зборуваме англиски, не шпански “.


Слично

Поврзани вести