Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шпански живот во сиромаштија

Шпански живот во сиромаштија
Кризата во Шпанија одамна пристигна во центарот на општеството. Конзервативците, во меѓувреме, штедат и на основните работи кои некогаш биле потполно табу. Семејствата и деца се најмногу погодени од овие намалувања. Кога Лурд Де Aбајо ќе ја прашаат за кризата, таа не може да престане да зборува: "Кога почнуваше училишната година, девојчињата прво мораа да добијат нова облека, па мораше да се купи опрема за на училиште и на крајот на месецот стана тесно. Додатоците на плата за училишен оброк повеќе ги нема,  а тоа е 90 евра месечно. Додатоците за учебници исто така се укинати". Лурд Де Aбајо е наставничка по музичко образование во гимназија во едно место во близина на Мадрид. " Квалитетот на животот во последните години многу падна, бидејќи растат цените на основните прехранбени производи, на водата, електричната енергија и гас", се жали 39-годишната професорка. Потплатени професори Во разговорот се вклучи и нејзиниот сопруг, Луис Луна, кој по речиси две години невработеност, во последните две недели работи, но две третини од работното време. И тој е учител . "Нашите плати повеќе не се прилагодени на инфлацијата, а згора на тоа и се намалени." На државните работници во Шпанија, од почетокот на кризата, платите и приходите им се намалиле за вкупно десет проценти. Додека Лурд има постојана работа со статус на државен службеник, Луна ја нема таа среќа. "Ние наставниците кои не сме државни службеници, живееме постојано помеѓу невработеноста и неповолните договори за работа", вели Луна кој покрај се мора да плаќа и издршка за ќерката од неговиот прв брак. "Во оваа ситуација тешко е да се планира иднината за мене и моите ќерки. " Откако куќниот буџет станал потенок, двојката речиси и да не оди на кино, театар, концерти. Тоа се странски зборови за нив, а патување во странство не организирале години наназад. "Јас се откажувам од се што можам, само на децата ништо да не им недостига“, вели Лурдес. Извор business.hr  
Слично

Поврзани вести