Шпански бизнисмени и оперски пеач загинале во несреќниот лет
Од 150-те лица кои се наоѓале во урнатиот авион, 42 се државјани на Шпанија, соопшти вицепремиерката на земјата Сорана Саенс де Сантамарија.
Меѓу нив имало и две мали деца.
Неколку од патниците биле претприемачи кои патувале за саем во Келн. Директно на вториот терминал на аеродромот во Барселона Ел Прат, се земаа ДНК примероци соопштува шпанскиот весник на ABC.
Тие ќе бидат предадени на специјалисти за утврдување на идентитетот на загинатите.
Меѓу патниците на урнатиот во јужна Франција авион „Ербас“ А320 на нискотарифната германска авиокомпанија имало и двајца државјани на Австралија, соопшти министерот за надворешни работи на земјата Џули Бишјап.
На прес-конференцијата во Канбера таа најави дека меѓу патниците на урнатиот авион биле мајка со дете од државата Викторија. Не ги откри имињата на загинатите.
Австралија појаснува деки меѓу патниците имало и други нејзини граѓани.
Во урнатиот авион А320 имало и државјани на Белгија и Холандија, соопшти Еуроњус. Засега не се даваат точни бројки колку биле, но најверојатно станува збор за околу 10 лица.
Според информации од Твитер, меѓу жртвите е и познатиот во Германија оперски пејач Олег Брижак, кој се враќал од Шпанија.
Тој ја започнал кариерата во поранешниот СССР, но со години е дел од групата на опера во Дизелдорф. На сајтот на шпанскиот фудбалски клуб „Валенсија“ е објавен и тагжна вест за смртта во истата катастрофа на една од најголемите навивачки во тимот - Соња Серсек.
Од спасувачите, кои работат на местото на несреќата се појави информацијата дека се откриени тетратки и учебници на германските ученици кои биле во авионот.
Во реонот на Француските Алпи пристигнале Томас Андерс, шеф на корпорацијата „Airbus Group“ и главниот извршен директор на нејзината сестринска фирма „Airbus Fabris Brezani“.
Тие денес ќе се сретнат со претседателот на Франција Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел и премиерот на Шпанија Маријано Рахој.
