Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШПАНСКИ БИЗНИСМЕН: Отцепувањето на Каталонија за мене нема да смени ништо, но ќе ме погоди емотивно

ШПАНСКИ БИЗНИСМЕН:  Отцепувањето на Каталонија  за мене нема да смени ништо, но ќе ме погоди емотивно

Отцепувањето на Каталонија за мене нема да смени ништо, освен за акциите во шпанските банки  кои ги имам, но  особено влијае на мене емотивно, јас сум патриот и ја сакам Каталонија како и Андалузија, вели за Фактор шпанскиот бизнисмен Антонио Перез од градот  Луцена кој се занимава со произвдство на маслиново масло од кое 80% оди за извоз.

Сите оние кои живеат во Шпанија се Шпанци, смета тој.  Додава дека да се ​​биде Каталонец во Шпанија е исто како и да се биде Шпанец во  Андалузија, и според него  сите се исти.

„Јас не сум Каталонец од раѓање, туку во  срцето, а главната причина за раздорот е  тоа што со години нацистичките  политичари, ги индоктринирале  децата во училиштата да ги мразат другите луѓе кои не живеат во Каталонија, па процентот се зголемува, и овие деца сега се возрасни. Лагата е завршена, сите ќе одат во затвор законски. Виновникот за ова е каталонската јавна телевизија и училиштата што ја индоктринизираа  ксенофобијата. Каталонија е трета  по приходи, по Мадрид и Балеарските Острови“ – објаснува тој.

Во наредниот период очекува избори, и се надева дека правните и уставните партии ќе победат.

Тој вели дека ако не се внимава на медиумите и она што се пропагира во училиштата, со текот на годините ќе биде уште полошо.

„Во Каталонија има милиони Андалузијци  кои емигрирале во потрага по работа и храна, и сите  оние  што ја  покренаа Каталонија,  сега се најрадикалните“ – вели Перез.

На 1 октомври Каталонците гласаа за отцепување од Шпанија по што имаше многу протести, превирања, а кон крајот на октомври Каталонија прогласи независност од Шпанија.  Мал број земји дадоа поддршка, но повеќето како САД, Германија, Франција, се изјаснија дека се за почитување на шпанскиот Устав и дека не даваат поддршка на независна Каталонија. Потоа властите во Мадрид го активираа членот 155 од Уставот и ја преземаа регионалната власт.

Доколку сменетиот каталонски лидер,  Карлес Пуџдемон денеска не се појави пред судот во Мадрид, ќе биде уапсен. Тој беше во Брисел, но не за да бара политички азил, туку за да објасни што се случува во Каталонија.

Сања Атанасовска

Слично

Поврзани вести