Шпанија во голема акција за апсење на терористи
Шпанската полиција спроведе голема акција за апсење на исламисти кои се осомничени за извршување на терористички напади во Европа, нивно организирање, планирање, како и логистичка поддршка за извршителите.
Се претпоставува дека меѓу уапсените има лица поврзани со самоубиствените напади во Брисел од март минатата година, во кои загинаа над 30 лица, изјави портпаролот на полицијата.
Сите уапсени во Барселона се марокански државјани на возраст меѓу 21 година и 39 година
На операцијата ѝ претходеше 11-месечната истрага на група осомничени исламисти кои дејствуваа во областа на Барселона, изјавија органите на прогонот. Истрагата останува отворена.
Слично
