Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шпанија се поблиску до Македонија…по рекордната стапка на невработеност!

Шпанија се поблиску до Македонија…по рекордната стапка на невработеност!

Стапката на невработеност во Шпанија во четвртиот квартал во 2012 година се искачи на рекордни 26 %, а без работа сега се речиси шест милиони луѓе, соопшти Заводот за статистикаво Мадрид.

Невработеноста расте поради се поголемата рецесија и од 25 отсто во третото тримесечје, се искачи на 26% во  четвртото тримесечје.

Како што соопштува Заводот за статистика, само минатата година без работа останале 697.700 луѓе, а 1,8 милиони домаќинства немаат ниту еден вработен.

Шпанската влада направи сериозни кастрења на трошоците и воведе мерки за строго штедење меѓу кои намалување на платите и раст на даноците.

Слично

Поврзани вести