Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШПАНИЈА СЕ ОТВОРА ЗА ТУРИСТИТЕ: Само Британците нема да одат во задолжителен карантин

ШПАНИЈА СЕ ОТВОРА ЗА ТУРИСТИТЕ: Само Британците нема да одат во задолжителен карантин

За туристите од Шенген зоната, Шпанија од утре ги отвора границите и се очекуваат дури 100 авиони со првите туристи откако земјата ја преживеа најголемата криза со епидемијата на корона вирусот.

Според вкупниот број на досега заразени, повеќе од 293.000 луѓе, како и според бројот на починати, над 28.300, Шпанија е трета земја во европска земја по ред, каде Ковид-19 остави траен белег.

Пред утрешното орворање на границите за странски туристи, премиерот Педро Санчез упати апел да внимателноста и дисциплината да бидат приоритет за граѓаните.

-Вирусот може да се врати и може да се соочиме со втор бран на зараза. Граѓаните мора да бидат вниматлни, истакна Санчез во обраќањето до јавноста. Истовремено, шпанскиот министер за надворешни работи истакна дека од утре се укинува задолжителниот карантин за британските туристи. Сепак, превентивните мерки ќе се применуваат и понатаму, односно на туристите ќе им биде мерена температура и ќе бидат принудени да ги предадат контактите на шпанските власти за да можат да се следат доколку се појават нови инфекции. 


Слично

Поврзани вести