Шпанија се откажа од продажбата на Каталонија банка
Шпанија соопшти дека се откажала од продажбата на Каталонија банката, бидејќи не примила ниту една понуда за нејзино преземање, соопшти банката. Оваа банка е една од петте шпански финансиски групации која ја презема државниот фонд за спас на банките FROB и која прими милијарда евра државна помош, пренесе Франс прес. Каталонија банката е една од жртвите на пукањето на шпанскиот балон за недвижнини во 2008 година, која ја бутна Шпанија во рецесија, уништувајќи милиони работни места и предизвикувајќи големи реформи кај банките.
Слично
