Шпанија презема мерки против напливот на романски и бугарски работници
ЕК им го одобри барањето на шпанските власти да го продолжат рокот до 31 декември 2013 година, во кој се ограничува овој пазар за работа на романски и бугарски работници. Ваквата одлука е донесена поради сериозните проблеми на пазарот на трудот во Шпанија, се вели во соопштение на ЕК.
Шпанија го отвори пазарот на трудот за Романци и Бугари во 2009 година, но во август 2011 година Комисијата одлучи Шпанија времено да го ограничи слободно движење на романските и бугарски работници до 31 декември 2012 година.
Невработеноста во Шпанија е на рекордно високо ниво - 26, 2 отсто, а кај младите тој процент е 55,9 отсто.
Слично
