Шпанија – конечно пад на невработеноста
Бројот на луѓе без работа во Шпанија, минатиот месец, е намален за нешто под 2.500 луѓе, што е прв ноемвриски пад на невработеноста од 1997 година.
Намалувањето на невработеноста е уште еден доказ дека шпанската економија се опоравува по двегодишната рецесија, кој е окончана во тертиот квартал, пренесува агенцијата Франс прес.
Во Шпанија, сепак, уште има околу 4,8 милиони луѓе, односно 26 отсто од вкупната работна сила, кои се без работа. Во еврозоната, поголема стапка на невработенсот бележи само Грција.
Ноември, како и октомври и септември, е месец кога невработеноста традиционално расте поради згаснувањето на работни места отворени во текот на летната туристичка сезона.
Мадрид наведува дека падот на невработеноста е благодарение на зголемувањето на работните места во градежниот и индустрискиот сектор.
Слично
