Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шпанија ја надминува рецесијата, невработеноста под контрола

Шпанија ја надминува рецесијата, невработеноста под контрола
Шести месец по ред во Шпанија има пад на бројката на невработени лица, покажаа статистичките податоци за август. Поради ова шпанската влада соопшти дека двегодишната рецесија го допре дното и ќе се подобруваат резултатите наскоро. Во август регистрирани се околу 4,7 милиони невработени односно речиси исто со претходниот месец јули, стои во месечниот извештајот на шпанското министерство за труд. Иако економистите отануваат скептични, шпанската влада го поздравила падот на невработеноста. „Мислам дека кризата го допре дното. Иако задачата која ни претстои е голема, може да се каже дека ова се охрабрувачки податоци“, изјави шпанскиот министер за економија, Луис де Гиндос кој додава дека владата сега очекува стабилизација на пазарот на труд. Владата уште се бори со тешкиот период по пукањето на „балонот со недвижности" во екот на кризата во 2008 година што доведе до отпуштање милиони работници и огромен раст на долгот на Шпанија. Според проценките, стапката на невработеност во 2014 година ќе изнесува околу 26 отсто, за во 2015 да се спушти под 25 %.
Слично

Поврзани вести