Шпанија ја демантира Белата куќа: Нашиот став „не на војната“ останува јасен
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, денеска негираше дека Белата куќа ќе соработува со американската војска.
Албарес наведе дека „нема поим“ за што зборуваше портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит. Кажа дека ставот на шпанската влада за војната „не се променил“.
„Ставот на шпанската влада за војната на Блискиот Исток, бомбардирањето на Иран и користењето на нашите бази воопшто не се променил… Нашата позиција „не на војната“ останува јасна и недвосмислена“, изјави шпанскиот министер.
Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера се закани дека ќе ја прекине целата трговија со Шпанија откако земјата им забрани на САД да ги користат своите воени бази како дел од операцијата во Иран.
Потоа, Белата куќа објави дека Шпанија се согласила да соработува со американската војска откако „јасно и гласно ја слушнала пораката на Трамп“.
foto printskrin youtube
