Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шпанија излезе од рецесија

Шпанија излезе од рецесија
Во третиот квартал од оваа година, по две години, Шпанија излезе од рецесија, забележувајќи економски раст од 0,1 проценти, соопшти Централната банка. Растот на бруто домашниот производ во третиот квартал од 2013 година, по падот во претходните девет квартали, е поттикнат од подобрувањата на пазарот на трудот, пренесува агенцијата АП. Бројот на затворени работни места е на најниското ниво од избивањето на кризата, иако невработеноста во вториот квартал изнесуваше рекордни 26,3 проценти. Четвртата економија на еврозоната, погодена од проблемите на пазарот на недвижнини и избивањето на меѓународната финансиска криза во 2008 година, два пати беше во рецесија во последните пет години. Домашната побарувачка во третиот квартал  е намалена за 0,3 проценти во однос на претходниот, со истовремен раст на побарувачката од странство од 0,4 проценти. Шпанската влада прогнозираше пад на бруто домашниот производ од 1,3 проценти во 2013 година, додека минатата година тоа намалување изнесуваше 1,6 проценти. Невработеноста и понатака останува слаба точка на шпанската економија со прогнозирани 26,6 проценти во 2014 година, односно 25,9 проценти во 2015 година.
Слично

Поврзани вести