Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шпанија има182,2 милијарди евра лоши кредити

Шпанија има182,2 милијарди евра лоши кредити
Шпанската централна банка соопшти денеска дека вкупниот удел на лоши заеми во шпанскиот банкарски сектор во септември е рекордни 10,7 отсто од нивната вкупна вредност. Ва споредба, со август,кога  нивниот удел беше 10,5 отсто, објави банката  во својот последен извештај. Во септември, износот на нефункционалните кредити достигна 182.2милијарди евра што е за  3,5 милијарди € повеќе во однос на претходниот месец. Многу шпански банки се под притисок на лошите кредити во врска со недвижен имот. Партнерите во Еврозоната му одобрија на  Мадрид пакет помош во износ од 100 милијарди евра, решение за проблематичните банки. Независната ревизија неодамна откри дека локалните банки имаат потреба од докапитализација во висина од 60 милијарди евра за да се справат со тешката економска криза.
Слично

Поврзани вести