Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шпанија има потреба од високо квалификувани работници

Шпанија има потреба од високо квалификувани работници

И покрај пет милиони невработени,  компаниите имаат тешкотии да најдат соодветни работници.

Шпанија всушност има потреба од високо квалификувани вработени. Им требаат од математичари до специјалисти, медицински сестри и здравствени работници. Шпанскиот стручњак во изборот на висок кадар, Самуел Пимантел едноставно не може да најде кандидати. Искуството на Пиментел одразува една чудна карактеристика на шпанскиот пазар на трудот, кој практично ги попречува напорите на земјата да ја поправи штетата од економската криза. Дури и при речиси пет милиони невработени следниот премиер ќе се соочи со недостиг на работна сила.

Дури и кога високите менаџерски позиции се пополнети, шпанските компании се принудени да се задоволат со пониско образовани кандидати отколку нивните конкуренти во други европски земји.

Недостатокот на вештини е пречка за развојот на продуктивноста, а тоа ги забавува инвестициите и го загрозува пензискиот систем, која зависи од нови вработени со добри плати.

Слично

Поврзани вести