Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шпанија: Илјадници луѓе на улиците; „Ова не е војна, ова е геноцид!“ ВИДЕО

Шпанија: Илјадници луѓе на улиците; „Ова не е војна, ова е геноцид!“ ВИДЕО

Протести за поддршка на Палестинците се одржаа денеска во Шапанија, во кои што протестантите побараа од меѓународната заедница да го „запре геноцидот“ кој го спроведува Израел. Тие бараат нивната влада да ја поддржи Јужна Африка во тужбата против Израел. 

Под слоганот „Да го запреме геноцидот во Палестина!“ 25.000 демонстранти се собраа во Мадрид, соопшти локалната полиција.

„Протестирам затоа што нападите врз Палестинците се етничко чистење и геноцид“, рече Диармуид, претставник на една ог групите.

„Израел ги тера луѓето од Појасот Газа кон Египет на варварски начин. Околу два милиони луѓе веќе немаат дом за живеење“, додаде тој.

Тој вели дека „со оглед на сегашното израелско раководство, иднината таму е мрачна и песимистичка“.

Демонстрантите со палестински знамиња тргнаа од железничката станица Аточа кон центарот на градот извикувајќи „Израел, убиец на палестинските деца“ и „Ова не е војна, ова е геноцид“. 

Повеќе од 24.000 палестински цивили се убиени во нападите на израелската армија од октомври, а околу 900 се водат под урнатините, изјави специјалната комесарка на ОН за човекови права Франческа Албанезе, која престојува во Мадрид.


Таа додаде дека во Појасот Газа нема новинари и дека во израелските напади загинале повеќе од 100 новинари и над 130 вработени во ОН.

„Тоа е документиран геноцид. Повеќе од 70 отсто од убиените се жени и деца“, рече таа на шпанската телевизија.

Според ОН, повеќе од 62.000 палестински цивили се ранети. Албанец рече дека европските влади не слушаат што нивните жители им кажуваат од улиците и плоштадите, туку премолчено учествуваат во геноцидот поддржувајќи ја израелската влада. Демонстрантите излегоа и на улиците на многу други градови, како Толедо, Виго и Жирона, каде побараа воведување санкции против Израел и бојкот на неговите производи.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести