Шпанија го прекинува ноќниот живот и воведува рестрикции
Шпанија повторно воведува рестриктивни мерки. Ноќниот живот се прекинува, a голем број млади се заразени.
Во некои региони се воведени ограничувачки мерки, само неколку недели откако беа укинати. Ноќниот живот ќе биде целосно суспендиран во најмалку 16 градови во регионот Кантабриа, јавува СРНА.
Зголемување на бројот на заразени лица е регистрирано и во Каталонија. Досега, скоро 40 проценти од 47 милиони жители на Шпанија се целосно вакцинирани, што е меѓу најголемите во Европа, но многу помалку кај помладите. Стапката на инфекција кај лица на возраст од 20 до 29 години е скоро три пати поголема од порано. Бројот на заразени е многу поголем кај тинејџерите. Тоа е резултат на патувања и забава на крајот на учебната година.
Делта сојот со неверојатна брзина се шири подеднакво во земјите со ниска, но и со висока стапка на вакцинирано население. Овој сој е детектиран во повеќе од 90 земји во светот. Во ЕУ најпогодена е Португалија со по 2 000 нови случаи дневно.
