Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шпанија го казни Google со 900 илјади евра за прекршување на законите за лични податоци

Шпанија го казни Google со 900 илјади евра за прекршување на законите за лични податоци
Шпанија има спроведено максимална парична казна во износ од 900 илјади евра на интернет гигантот Google , објави The Wall Street Journal . Причината е за три нарушувања на локалните закони за заштита на личните податоци . Агенцијата за заштита на информациите на Шпанија проценила дека Google ги прекршиле законите на земјата бидејќи собирал податоци за корисниците и ги здружувал од неколку различни услуги. Фактот дека компанијата ги чува информациите неограничено и без знаење или согласност на корисниците , тоа не му се допаѓа на шпанскиот регулатор . Google ги гледа аргументите на Агенцијата внимателно , за да го процени следниот чекор , се вели во соопштението на компанијата. Оттаму прецизираат дека ќе продолжат да соработуваат со влстите , " за да се создадат едноставни и ефикасни услуги " . Практиките на интернет гигантите со податоците на корисниците се предмет на истрага во уште пет други европски држави. Франција , Холандија , Италија и германскиот град Хамбург веќе најавија дека наметнувањето на казни не е исклучено .
Слично

Поврзани вести