Шпанец продал билети за лажна авиокомпанија и заработил 50 илјади евра
Маж од Мадрид е уапсен затоа што продавал билети за непостоечка авиокомпанија и на тој начин измамил 67 лица за вкупно 50.000 евра.
Според соопштението на шпанската полиција 43-годишниот Дарио Алберто бил уапсен затоа што учествувал во шема за продажба на лажни билети за летови до Парагвај. Тој рекламирал ниски цени преку специјален веб-сајт во радио и преку делење на флаери по улиците.
Од полицијата спровеле истрага и утврдиле дека рекламираната авиокомпанија нема каква и да било лиценца за работа.
Во 2009 година Алберто бил исто така уапсен, откако на 21 лице им продал лажни билети за летови до Екваторска Гвинеја. Според полицијата, високата побарувачка на билети за време на празничната сезона ги направиле ниските цени понудени од Алберто, попривлечни, особено за далечните дестинации како Парагвај.
Слично
