Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШПАН ДО ГРАЃАНИТЕ-ИЛИ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРАТЕ ИЛИ ЌЕ УМРЕТЕ: Ова е многу реално сценарио, предупреди германскиот министер за здравство

ШПАН ДО ГРАЃАНИТЕ-ИЛИ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРАТЕ ИЛИ ЌЕ УМРЕТЕ: Ова е многу реално сценарио, предупреди германскиот министер за здравство

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан упати драматично предупредување до сите граѓани и го повика населението што поскоро да се вакцинира против корона вирусот.

„Германците до зима ќе бидат вакцинирани, излечени или мртви“, рече министерот на прес-конференција, пренесува Times of India.

Поради зголемениот број на новозаразени, Германија се подготвува да ги заостри мерките против ширењето на ковидот, по примерот на соседна Австрија.

Иако е свесен за тежината на неговите зборови, Шпан вели дека тоа е многу реално сценарио.

„Можеби звучи цинично, но тоа е вистина. Со многу заразната делта варијанта, тоа е многу, многу веројатно и затоа препорачуваме вакцинација што е можно поскоро“, рече министерот.

Во последните 24 часа Германија забележа околу 30.000 нови инфекции, што е зголемување за околу 50 отсто во однос на минатата недела. Болниците предупредија дека одделенијата за интензивна нега се речиси исцрпени, а некои пациенти мора да бидат префрлени во други оддалечени клиники.


Слично

Поврзани вести