Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШОПИНГ ЛУДИЛО: Алибаба оствари рекордна продажба и направи милијарди за секунди

ШОПИНГ ЛУДИЛО: Алибаба оствари рекордна продажба и направи милијарди за секунди

Купувачите преку интернет потрошиле 1,4 милијарди евра за првите две минути од годишната распродажба, со што е урнат рекордот.

Познат и како Денот на осамените, кој е познат по купувањата и попустите, е неофицијален празник за луѓето без партнери, а како се наведува , Алибаба го претвори во годишен празник за онлајн трговците.

На големиот видео скрин поставен во Шангај е прикажано дека е соборен рекордот - зз само две минути и пет секунди вкупната онлајн продажба достигнала 1,4 милијарди долари.

Денот на осамените го покренале кинеските студените во 90-тите години, правејќи му пандан на Денот на вљубените .

Мобилните телефони најбарани

Следејќи го трендот на претходните години и оваа година најмногу се купени електронски уреди, меѓу кои најбарани се паметните телефони.


Foto: Tanjug/AP/Mark Schiefelbein


Слично

Поврзани вести