Шолц се обрати до политичар кој може да ја запре руската инвазија на Украина
Германскиот канцелар Олаф Шолц побарал од кинескиот претседател Кси Џинпинг да го искористи влијанието во Москва за запирање на војната во Украина.
Кси кој одбива да ја осуди инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин, порача дека меѓународната заедница треба да ги поддржи понудите за мирно завршување на кризата и да се спротивстави на употребата или заканата за употреба на нуклеарно оружје. Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Кремљ дека врши енергетски тероризам затоа што на руските трупи тешко им оди на бојното поле. Вели дека во последните неколку недели Русите уништиле над една третина од електраните во Украина и продолжуваат со нападите. Без струја се 4.5 милиони Украинци. Киев веќе побара кој може да донира греалки и генератори за зимата.
